ЕП – Хрватска 2018: Висок пораз на Македонија од Шпанија
Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство во хрватска откако вечерва во Вараждин загуби од Шпанија со 31:20 (15:6).
Со премногу мотив велгоа нашите ракометари во дуелот со европскиот вицепрвак, одбраната 5-1 не профункционира, како ни нападот „7 на 6“. Згора на тоа Шпанците ја казнуваа секоја наша грешка во нападот (имавме вкупно 14 во првиот дел). Сериозен удар за нашата игра беше во 11.минута кога со грч на лицето и со болка во бутниот мускул играта ја напушти нашиот капитен Кирил Лазаров (не влезе во игра до крај на дуелот). Во 19.та минута Георгиевски намали на 5:8, но потоа следуваше серија од 7-0 на „црвената фурија“ за највисоки 10 разлика (5:15). Во првото полувреме Шпанија постигна 7 голови од контранапади.
На почетокот на вториот дел Раул почна со „втората постава“ од игра излегоа: Стоилов, Манасков, Георгиевски, Ристовски и додека Миркуловски воопшто е влезе во игра. И во составот на Шпанија ја немаше најдобрата постава на веќе решениот натпревар. Растеретени од се „главни“ беа голманите Перез и Митревски.
Најефикасни во нашиот тим беа Манасков и Стоилов со по 4 голови, а Митревски имаше 13 одбрани.
Утре е слободен ден. Македонија следниот натпревар го игра на 23.јануари (вторник) против Чешка од 20:30 часот.
На чело на табелата е Данска со 6 бодови , Шпанија и Германија имаат по 4, Македонија остана со 3, Чешка има 2, Словенија само 1 бод.
Ново на Сител
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот