Енергетско ефикасна фасада на зградата 13А на бул. „Св. Климент Охридски“
Општина Центар ја реконструираше фасадата на зградата број 13А на булеварот „Климент Охридски“. На површина од 1.470 метри квадратни поставена е енергетско ефикасна фасада од сите страни, а не само на предниот дел од зградата.
- Новата фасада овозможува подобри услови за живеење на станарите, кои сега ќе плаќаат до 30 отсто пониски сметки за електрична енергија. Фасадата е контактна, изведена од стиропор со дебелина од пет сантиметри и завршен слој од пластичен малтер. На барање на граѓаните, заменети се и олуците и окапниците, информира општина Центар.
Задржан е автентичниот изглед на зградата, која е изградена во 50-тите години на минатиот век. Ова е 12-та зграда која со реконструкција доби енергетско ефикасна фасада, а средствата се одвоени од буџетот на општината.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница