Енда Кени: Некои ЕУ лидери може да бидат непријателски настроени кон Британија
Ирскиот премиер Енда Кени изјави денеска дека некои лидери во ЕУ би можеле да бидат „непријателски расположени“ кон Британија, опишувајќи ги вавите лидери како „гневни на одлуката за Брегзит“.
- Ваквото расположение ќе предизвика преговорите на Британија и ЕУ да бидат тешки и неизвесни, изјави Кени на специјалната конференција на Северот и Југот на ирскиот остров, посветена на последиците од британското напуштање на ЕУ.
На конференцијата во Даблин, премиерот на Република Ирска предупреди дека британскиот премиер Тереза Меј би можела да покрене Брегзит порано, можеби и во рок од неколку недели, за да ги изненади „злобните“ европски лидери, јави Би-Би-Си.
Претходно, Меј навести дека членот 50 од Лисабонската спогодба, владата во Лондон ќе го покрене до крајот на март 2017 година, но Кени предупредува оти „тоа не значи дека Меј не може да ги започне тие преговори, порано уште во декември, или во јануари“.
Владата во Даблин се обидува да воспостави општ, се-ирски дијалог на Северна Ирска и на Република Ирска за Брегзит, со учество на претставници од бизнисот и аграрот, како и на цивилното општество.
На конференцијата во Даблин присуствуваат сите три северноирски партии на католиците-Шин Феин, Социјалдемодкратската либерална партија СДЛП и партијата Алијанса, но форумот е бојкотиран од двете главни партии на унионистите - демократската унионистичка партија и Алстерската унионистичка партија.
- Брегзит е прашање кое потенцијално ги погаѓа сите на островот и тоа е најголемиот предизвик - економски и социјален- во последните 50 години, истакна ирскиот премиер Енда Кени.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор