„Елиза на единаесет години“ од Рушти на македонски јазик
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Елиза на единаесет години“ од романската писателка Дојна Рушти. Романот е добитник на наградата „Јон Креанга“ од страна на Романската академија во 2009 година и во моментов според него се снима филм. Преводот на македонски е на Александра Каитозис.
Во едно село во близината на Букурешт доаѓа до вистинска хистерија во моментот кога жителите дознаваат дека Елиза (девојче на 11-годишна возраст) има сифилис. Во текот на обелоденувањето на други случаи на сифилис, девојчето е обвинето дека го заразило целото село. Постепено, медиумите, властите, родителите и обичните граѓани бараат Елиза да биде казнета, со што таа станува главен општествен непријател. Намуртена и самостојна, Елиза го покажува својот цврст карактер, однесувајќи се како зрел човек.
Во Италија книгата ја споредуваат со „Чума“ на Албер Ками. Според оцените на критиката, ова е „роман полн со мистерија со неочекуван крај“. Заснован на вистинска приказна, романот претставува еден вид „рендгенска снимка“ на модерното општество.
Книгата е објавена со поддршка на Романскиот културен институт во Букурешт.
Дојна Рушти (1957) е eдна од најпознатите писателки од Романија. Своите дела почнува да ги објавува по падот на комунизмот. Авторка е на девет романи и на голем број раскази, вклучени во разни антологии. Во своите дела пристапува кон фантастични теми сместени во реален контекст. Добитничка е на еминентни награди во својата родна земја. Преведена е на 10 јазици.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
-
Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
-
Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
-
Дел од Аеродром без струја
-
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно
-
Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници
-
Трамп му дава на Путин три дена за прекин на огнот во Украина
-
Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците