Елези на БРБ форумот 2018 „Инфраструктура за поголем раст“
- Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, учествуваше на форумот во организација на Бугарската развојна банка „Инфраструктура за поголем раст“, кој денеска се одржа во Софија.
Како што соопшти Министерството за финансии, една од темите на кои се говореше на форумот е потребата за изнаоѓање нови стратегии за финансирање проекти кои ќе го поддржат економскиот раст, при што потребно е да се препознаат иновативни начини за финансирање на инфраструктурата.
На маргините на Форумот заменик министерката Елези оствари средба со Герасимос Томас, претседател на Управниот Одбор на Европскиот фонд за стратегиски инвестиции (ЕФСИ), со Лаурент Зулберберг, претседател на Европската асоцијација на долгорочни инвеститори, како и со претставници на Министерството за регионален развој на Република Бугарија и со претставници на Бугарската развојна банка.
Од страна на Бугарската развојна банка, како што се наведува, било истакнато дека заедно може да генерираме проекти со голем импакт кои ќе овозможат поврзување на пазарите. И двете страни се согласиле дека на овој начин ќе привлечеме европски инвеститори во развојни и долгорочни проекти.
- Постигнувањето на поголема економска интеграција помеѓу Македонија и Бугарија е најдобар начин за поврзување на пазарите, подобрување на економијата и помагање во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, особено на Македонија во ЕУ, рече Илија Лингорски, главен економист на Бугарската развојна банка.
На Форумот заменик министерката се сретна и со Естел Гогер, тим лидер за Инвестицискиот план на Европа, координатор за ЕИБ и ЕБОР, со која разговараше за можноста за инвестирање во инфраструктурни проекти
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво