Експлозија во склад со муниција на турско-сириската граница
Серија експлозии утринава одекнаа од склад со муниција во турската провинција Хатај, во непосредна блиизна на сириската граница, потресувајќи го целиот регион.
Почната е брза евакуација на населението, а службите за итна помош ја затвориле целата област, но засега нема информации за некакви последици меѓу луѓето или предизвикана штета врз цивилни објекти, пренесуваат британските медиуми
Причините за експлозијата, што се случила во 3,30 часот по локално време, во градот Рејханли, се уште не се познати.
По експлозијата огнот распрскал делови од муницијата на фудбалски стадион, што се наоѓал во непосредна близина, во северниот дел од градот.
Дел од автопатот што минува низ северниот дел на Рејханли, како и останатите локални патишта, се затворени за сообраќај.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик