Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
Експлозија се случи утринава во најголемата романска рафинерија и една од најголемите во источна Европа – Петромидија, лоцирана во Наводари, округот Констанца, на брегот на Црното Море, јавија локалните медиуми.
Властите велат дека нема жртви. Во моментов се вршат мерења за утврдување на степенот на загаденост на воздухот.
Густи облаци од црн чад се издигнуваат во областа и се видливи од градот Констанца и од одморалиштето Мамаја. Активиран е таканаречениот „план за црвена интервенција“.
На местото на настанот се испратени шест противпожарни возила, две со високи скалила и три возила на брза помош. Дополнителна помош се очекува да пристигне од Слобозија и Фетешт.
На почетокот на јули 2021 година, експлозија во Петромидија резултираше со смрт на тројца работници.
Во јуни 2023 година, пожарникар беше повреден по пожар во фабриката за дестилација на дизел гориво во Петромидија.
Ново на Сител
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско