-->
-->
Експлодирала машина за обележување ленти на ЈП за државни патишта
-->
На 02.09.2024 во 13.05 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека додека двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот, соопшти МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна