Економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година
Според првата прелиминарна проценка, економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал, објави денеска Евростат.
Економијата на Европската Унија во истиот период порасна за 0,1 отсто. Во четвртиот квартал од минатата година, германската економија забележа квартален пад од 0,3 отсто, француската економија стагнираше, додека шпанската економија порасна за 0,6 отсто, а италијанската за 0,2 отсто.
Ако ги споредиме резултатите за четвртиот квартал од 2023 година со истиот квартал од 2022 година, економијата на еврозоната порасна за 0,1 отсто на годишно ниво.
Според прелиминарните проценки, економијата на еврозоната пораснала за 0,5 отсто на годишно ниво во 2023 година, со исто темпо како и економијата на Европската Унија.
Во 2022 година еврозоната забележа значително повисок раст од 3,4 отсто на годишно ниво, а во 2021 година раст од 5,9 отсто.
Ново на Сител
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието