Економијата догодина со раст меѓу 3 и 3,5 проценти
Македонската економија следната година се очекува да има раст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија.
Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 проценти на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.
Градежништвото се очекува да има раст опд 5,2 проценти, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 проценти и индустријата да раст од околу 2 проценти.
Годинава што изминува се очекува да заврши со раст на БДП над проекцијата од 2,3 проценти.
Во првите три квартали, како што рече министерот за финансии Кирил Миноски деновиве, има континуирано стапки на раст на БДП кои се движат над 2,5 проценти.
Народната банка на РМ според последната проекција смета дека растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 2,3 проценти.
НБРМ очекува закрепнување на економијата и растот да достигне 3,5 проценти во 2017 и 2,7 проценти во 2018 година.
Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.
Ново на Сител
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти