Екологисти од Кавадарци реагираат на сечењето дрва, од „Македонски шуми” велат се работи плански
Екологисти од Кавадарци реагираат дека се сечат млади дрвца покрај асфалт веднаш до акумулацијата Доне Попов на висорамнината Витачево. Роберто Паризов, претседател на Регионалното еколошко друштво „Еко-живот”, во изјава за МИА изрази сомнеж дека се работи за несовесно стопанисување.
- Од тоа што можев да го видам на лице место вчера, се сечеа млади дабови дрвца со дијаметар од само неколку сантиметри. Според мене, нема никакво оправдување за ваква постапка, особено поради тоа што многумина овде знаат да дојдат на излет во природа, нагласи тој.
Марјан Иловски, директор на подружницата на „Македонски шуми”, „Бор” од Кавадарци, за МИА рече дека се работи според планот за стопанисување и со дозвола од Инспекторатот.
- Дабот самиот ќе се обнови во тој дел и за две-три години повторно тука ќе биде шума, нагласи директорот.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци