Екипи континуирано ќе бидат во Кочани за интервенции од типот на пластична хирургија, изјави Таравари
Екипи од Пластична хирургија веќе денеска најверојатно се стигнати во Кочани, каде што треба да дадат помош на пациентите од Кочани коишто имаат генерално изгореници од прв или втор степен, пуштени на домашно лекување, информираше министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција.
Целта е, како што појасни министерот, да не доаѓаат до Скопје, туку „нашите екипи од Пластична хирургија да дадат таму, професионална поддршка“.
- Имаме информации дека во штипската болница има четири пластични хирурзи. Ние имаме тука доволно пластични хирурзи. Јас кажав дека континуирано наши екипи ќе бидат присутни во Кочани, доколку треба и во Штип, за некакви интервенции од типот на пластична хирургија. Така да, во континуитет ќе се обидеме, овој немил настан, оваа трагедија во Кочани, да заврши со што помалку последици, нагласи министерот, одговарајќи на новинарско прашање.
Центарот за изгореници била тема на што се разговарало и со премиерот Христијан Мицкоски.
- Имаме неколку можни опции каде што би направиле центар. Но, не дај Боже повторно да ни се повтори тоа и да имаме центар, повторно ќе згрижиме двајца, тројца или четворица пациенти. Колку за информација, во Градска општа болница имало центар до 2013 година, каде што имало два кревети. Значи, за двајца пациенти и замислете, ете, да го имавме тој центар, често го прашувате, повторно таму ќе можевме да згрижиме само двајца пациенти, ништо повеќе, рече министерот.
Ново на Сител
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање