Екипата „Dream Killers“ победник на програмерскиот маратон „Codefest“ во Охрид
Студентите од ФИНКИ Васко Теохаров, Христиан Илиоски, Симеон Здравески и Никола Кусибојски обединети во екипата „Dream Killers“ се победници на програмерскиот маратон „Codefest“ што викендот се одржа во Охрид.
Тие беа најдобри во силна конкуренција од 54 тимови програмери од целиот свет што учествуваа на 32-часовниот маратон во програмирање, во кое разработуваа свои креативни идеи и решенија во областа на информатиката.
Годинешниот етврти по ред „Codefest“ се одржа со проширена агенда, на која покрај натпреварувачкиот дел имаше и научна конференција, како и саемски дел на кој се презентираат познати брендови од областа на информатичката технологии.
Во Охрид беа присутни и претставници на повеќе акцелератори и инвеститори подготвени понатаму да работат со анјдобрите екипи од маратонот по програмирање, но и да инвестираат во најдобрите идеи.
Што се однесува на конференцискиот дел од „ Codefest“, свои презентации ќе имаат 24 предавачи односно експерти од повеќе области како технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и инвестиции.
„Codefest“ е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME), која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски