ЕК: Земјите на балканската рута да работат на сместување на бегалците
Европската комисија (ЕК) ги повика денеска земјите по должина на балканската рута на мигранти и бегалци кои одат кон Европа, да направат повеќе во обезбедување засолниште за луѓето кои бегаат од судири или сиромаштија, и „итно да го забрзаат обезбедувањето приемни капацитети“.
ЕК, во денеска објавениот извештај, наведува дека во моментот се расположливи или се подготвуваат само околу половина од 50.000 места, колку што лидерите на балканските земји ветија минатата година дека ќе обезбедат за сместување на луѓето од мигрантската рута.
Во извештајот се оценува дека балканските земји „сега мора итно да го забрзаат обезбедувањето приемни капацитети“.
Во тој документ се забележува и дека одговорот на Грција на бегалската криза и натаму е бавен, и оти земјата не испраќа назад доволен број мигранти кои не можат да се квалификуваат за добивање азил.
ЕК наведува дека распоредувањето специјалистички тимови, познати под називот „хотспот“, за регистрирање мигранти и земање отпечатоци од прсти, делумно е попречено кога станува збор за персоналот и инфраструктурата.
- Во моментов само еден хотспот во целост е оперативен, се оценува во извештајот.
Во истиот документ се наведува дека речиси 20.000 мигранти се депортирани од почетокот на минатата година, „но оти тоа е недоволно со оглед на тоа дека над 800.000 од нив пристигнале во 2015 година“.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп