ЕК: Преговарачките рамки ќе се објават „што е можно поскоро“
Европската Комисија (ЕК) сѐ уште не ги „финализирала“ преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќепати изјави дека тие ќе бидат се објавени во јуни.
Портпаролката Ана Писонеро, одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека „Комисијата сѐ уште работи на текстови на нацрт рамките“.
– Ги финализираме документите, немаме датум кога тие ќе бидат презентирани, но целта ни е тоа да биде што е можно поскоро, рече Писонеро.
Преговарачките рамки се најавуваат од почетокот на овој месец од страна на Европската Комисија. Тие нема да бидат достапни за јавноста, предупредија од ЕК, ќе се објави само соопштение. Овие нацрт рамки им се предаваат на земјите членки во Советот на ЕУ, кои потоа треба да ги одобрат, и евентуално модифицираат.
Според агендата на Советот, не се очекува тие да бидат на дневен ред ова лето, бидејќи во наредните недели интензивно се преговара за буџетот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ