Свет
25. October 2016 - 13:36

ЕК одобри финансиска помош за кипарските Турци

Европската комисија одобри финансиска помош во износ од 33 милиони евра за кипарските Турци, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Парите се наменети за „економското обединување на островот“ и за „подобрување на контактите меѓу двете заедници со ЕУ“. 

Од почетокот на 2006 година ЕУ за турската заедница на Кипар доставила 450 милиони евра, потсети весникот и додаде дека тоа е најголемата финансиска помош, која Брисел ја доделил надвор од Унијата.

ЕК за да ја спаси спогодбата со Турција за ограничување на бегалскиот прилив преку Егејското Море, го подготвува теренот до крајот на годината да биде укинат визниот режим за турските граѓани. Претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер нагласи дека Анкара исполнила 65 од вкупно 72 критериуми на Унијата и покрај тоа што еден од нив е да ја признае државата на кипарските Грци, Република Кипар, што Турција одбива да го стори, додава „Етнос“.