Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа
Египет денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека нема план за евакуација на Палестинците од Газа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.
Вчера, за време на средбата во Белата куќа со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Трамп рече дека „никој не ги протерува Палестинците од Газа“, пренесоа британските медиуми.
„Оваа позиција го одразува разбирањето за потребата да се спречи натамошно влошување на хуманитарната ситуација во Газа и важноста од изнаоѓање праведни и одржливи решенија за палестинското прашање“, се наведува во соопштението на египетското Министерство.
Трамп претходно предложи САД да ја преземат контролата врз Газа, која претрпе сериозно уништување од израелската воена офанзива во последните 17 месеци.
Тој исто така предложи Палестинците од Газа да бидат трајно раселени.
На почетокот на март, арапските лидери го одобрија египетскиот план за обнова на Газа од 53 милијарди долари, кој не вклучува трајно раселување на Палестинците.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки