Едукативен тренинг камп на Црвен крст во Неготино
Едукативен тренинг камп на Црвениот крст се реализира во Неготино по деветти пат, во организација на Клубот на млади при Црвен крст од овој град. Проектот кој трае пет дена и е на тема „прва помош", е насловен „Хуман потег”.
- Кампот е составен од теоретски и практичен дел. За практичниот дел беа задолжени едукатори парамедици од Црвен крст на Македонија и шминкери кои ги спремаа повредите за симулационите вежби, изјави Тијана Атанасова, лидер на млади при Црвениот крст.
Таа информираше дека ќе бидат обучени 30 млади и се заблагодари на сите хумани луѓе кои помогнале за реализацијата на кампот.
Ана Марија Ангелова, како еден од волонтерите во клубот на млади „Црвен Крст”, рече дека се одлучила да присуствува на кампот, со цел да ги надогради своите знаења во врска со првата помош.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.