Македонија
13. January 2016 - 22:17

Едно лице повредено во сообраќајка кај кочанското село Тркање

Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 20:30 часот се случила на магистралниот пат Кочани - Штип, кај кочанското село Тркање.   

- Сообраќајна несреќа се случила помеѓу тешко товарно возило и автомобил марка Хјундаи, информираше портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова. Во тек е увидот од страна истражните органи и, како што посочи Панајотова, се уште не може да се каже каков е карактерот на повредите на возачот на автомобилот Хјундаи, кој веќе е хоспитализиран.

Магистралниот пат е затворен во двете насоки, а сообраќајот се пренасочува по локалните патишта.