Единаесет земји од Пацифичкиот регион потпишаа нов договор за слободна трговија
Единаесет земји од двете страни на Тихиот Oкеан, во кои што живеат околу 500 милиони лица, денеска во чилеанскиот главен град Сантијаго потпишаа Договор за слободна трговија.
На церемонијата, потписи на Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнертсво (ЦПТПП). ставија дипломати од Австралија, Брунеи, Виетнам, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Чиле.
ЦПТПП претставува е заживување на Транспацифичкиот договор за слободна трговија (ТПП) кој се сметаше за мртов по повлекувањето на САД од него пред една година.
ТПП беше потпишан во 2016 година по долги години преговори. Тој беше лансиран од Вашингтон за време на Администрацијата на Барак Обама. Но, пред да стапи во сила, актуелниот американски претседател Доналд Трамп објави дека неговата земја се повлекува од него, доведувајќи го во опасност амбициозниот договор кој требаше да опфати 40 отсто од светскиот БДП и речиси 25 отсто од меѓународната трговија.
Една година по повлекувањето на САД, Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнертсво (ЦПТПП) беше потпишан со речиси сите одредби од ТПП, освен делот за интелектуална сопственост што беше вклучен на барање на Вашингтон.
Со Договорот се предвидува укинување на царинските и нецаринските пречки, како и воведување заеднички норми во неколку сектори на активност меѓу овие 11 земји.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра