-->
-->
Еден полицаец и еден војник загинаа во операции против курдските борци во југоисточна Турција
-->
Eден турски полицаец беше убиен, а петмина беа ранети вчера во антитерористичка операција против забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во југоисточниот турски округ Шарнак, пишува „Хуриет дејли њуз“.
Силите за безбедност отстрануваа барикади во градот Џизре, каде во сила е полициски час. Полицајците настрадале во напад со ракета извршен од брците на ПКК за време на операцијата.
Во меѓувреме еден војник почина од повреди кои ги здобил за време на бомбашки напад, извршен од ПКК во градот Сур, во округот Дијабекир на 30 декември. Во нападот се ранети тројца војници.
Вкупно 228 борци на ПКК се убиени во антитерористички операции во југоисточна Турција од 15 декември 2015 година, соопшти Генералштабот на турската армија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд
-
Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути