-->
-->
Еден починат од западнонилска треска во Србија
-->
Во Србија се регистрирани три случаи на лица заболени од западнонилска грозница, од кои едно веќе им подлегнало на последиците на болеста, јави Танјуг, повикувајќи се на соопштение на српскиот Институт за јавно здравство.
- Врз основа на податоците доставени до Институтот и лабораториските наоди, регистрирани се три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно почина од последици кои можат да се доведат во врска со оваа болест, се наведува во денешното соопштение на Институтот.
Во соопштението се посочува дека починатиот пациент бил на возраст од 81 година.
Две од заболените лица од западнонилска треска поттекнуваат од јужен Банат, а третото од областа Мачва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак