Свет
18. April 2017 - 18:01

Еден обвинет за нападот во Санкт Петербург ја призна вината

Еден од обвинетите за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург, Аброр Азимов, кој е во притвор во московскиот регион, денеска ја призна вината, соопшти неговиот адвокат Армен Задојан.

- Тој во целост ја призна својата вина, може така да се каже, истакна Задојан.

Руските безбедносни сили вчера го испитаа Азимов, а тој е девето лице приведено под сомнение дека бил поврзан со Акбарџон Џалилов, кој е осомничен за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург.

Бомбашот-самоубиев Џалилов (22) од Киргистан го активира експлозивот што го имал на себе на трети април во воз помеѓу две станици, при што загинаа 13, а беа повредени десетина луѓе.