Македонија
31. March 2019 - 16:01

Еден мртов мигрант, а 14 тешко повредени кај патот Удово-Демир Капија - македонската полиција го истражува случајот

Македонската гранична полиција рано утирнава на магистралниот пак кај Демир Капија пронашле 27-годишен мигрант од Бангладеш, и други 14 мигранти кои биле тешко повредени.

Како што стои во билтенот на МВР. утирнава во 04.30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.