„Eagles of Death Metal“ со акција за помош на семејствата на жртвите од Париз
Бендот „Eagles of Death Metal“, на чиј концерт во Париз се изврши терористички напад, ги повикаа колегите да ја обработат нивната песна „I Love You All The Time“ и со тоа да има помогнат на семејствата на жртвите од нападот.
Членовите на бендот, чиј концерт во Париз на 13 ноември беше цел на терористички напад, го дадоа За „Vice“ првото интервју по нападот и зборуваа за се што преживеале таа кобна ноќ.
Џош Хом во рамки на интервјуто ги повика сите музичари од светот да ја обработат нивната песна „I Love You All The Time“, за да соберат помош за семејствата на жртвите на настраданите во Париз.
- Ако сте кантри пејач, или тежок металец, не е важно. Обработете ја песната и ние ќе се откажеме од заработката од авторските права и продажбата на песната за семејствата на жртвите, рече Хом, додавајќи дека ја имаат поддршката од својата издавачка куќа.
Осумдесет и девет лица беа убиени во салата Батаклан, додека во цел Париз за време на нападот на 13 ноември на различни локации се убиени вкупно 130 лица, а повредени 350.
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки