Џет-Сет
30. October 2015 - 20:45

Ѕвезда од мали нозе: Еве го првиот настап на Тамара Тодевска

Се започна со детскиот музички сон на нејзина 6 годишна возраст и настапот на Макфест, како придружен вокал на сестрите Маријана и Росана.
 
Во период кога Тамара на големо се подготвува за концертот кој ќе се одржи на 27-ми ноември во Арена Борис Трајковски, од нејзината матична продукција решија да ги разбудат сеќавањата на пејачката и да ја потсетат со видеото од нејзиниот прв настап на поголема сцена.
 
Иако тогаш има само 6 години, Тамара уште во 1991 година искуси како е да се настапи во живо и пред многу публика.
 
Мала, слатка, шармантна и талентирана, со лице кое сигурно ќе го препознаевте и без да го прочитате нејзиното име.
 
Погледнете како Тамара Тодевска ја пее песната со наслов „Љубов“.