Џорџ Клуни: Не се фалам со она што го правам
Актерот Џорџ Клуни е познат по своите хуманитарни активности, но еден новинар очигледно не слушнал за сето тоа.
Имено, во текот на прес-конференцијата на промоцијата на филмот „Hail, Caesar“ на Берлинскиот филмски фестивал, еден од новинарите го праша Клуни „што точно работи за да им помогне на бегалците во Европа, освен што снима мултимилионски филмови“.
На таквото непријатно прашање Клуни остана изненаден, но не се збуни.
- Поминувам навистина многу веме работејќи на тие рботи, необично е кога некој потоа ќе те праша „што точно работиш“. Во ред е, само напред. Но, што ти точно работиш, му одговори Клуни на неинформираниот новинар со контра прашање.
- Јас бев на некои многу опасни места за да можам да помогнам, нема потреба да се фалам. А ти?, додаде Клуни, но ни по втор пат не доби одговор од новинарот.
Клуни денеска ќе се сретне со неколкумина бегалците во Берлин, а за бегалската криза ќе разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости