Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина
Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва.
Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин мора да доживее неуспех и дека мора да се види дека не успева.
-Не е доволно да се покаже поддршката за меѓународниот поредок темелен на правила, ние мора да го браниме од континуираните обиди правилата наново да се пишуваат со употреба на воена сила, рече Џонсон.
Тој, исто така, ги истакна своите цели, вклучувајќи го и создавањето меѓународна хуманитарна коалиција за Украина, поддршка на нејзината самоодбрана и зголемување на економскиот притисок врз Москва.
Британскиот премиер, исто така, повика на воспоставување дипломатски патишта за деескалација со целосно вклучување на украинската Влада, поголема безбедност во евроатлантската област, како и на запирање на „ползечката нормализација” на руските активности во Украина.
По средбите со канадскиот и холандскиот премиер во понеделник, Џонсон ќе биде домаќин на лидерите на Чешката Република, Унгарија, Полска и Словачка, земји каде што има украински бегалци.
Велика Британија планира да ги забрза санкциите кон руските бизнисмени преку нови законски мерки што утре ќе ги испрати до парламентот.
Ново на Сител
-
17 години без Тоше
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ: Категорично против етнички поделби во науката
-
100 дена Министерство за правда
-
Бислимовски: Цената на парното ќе остане стабилна
-
Романците се трети најбројни туристи во земјава
-
Наставници од СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата
-
Преглед на вестите од светот