Свет
31. August 2020 - 8:33

Џонс Хопкинс: Во САД има близу шест милиони луѓе заразени со коронавирусот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД се доближува до шест милиони.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, најмалку 5.969.916 луѓе се заразени, а најмалку 182.841 лице починале од коронавирусот.

САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирусот.