Џоломарите ги избркаа лошите духови од Тиквешијата
Во кавадаречкото село Бегниште денеска се одржа ритуалниот и оригинален пречек на Василица - Џоломари со џоломарската игра ги избркаа лошите духови од Тиквешијата.
Претседателот на месната заедница Орданчо Лазаров појасни дека џоломарството е паганска традиција која нема допирна точка со Христијанството а тоа, рече, кажува дека се работи за доста стара традиција.
Најстарите податоци за селото Бегниште датираат од 1519 година, а легендата вели дека е настанато со преселување односно бегање од османлиите, затоа е и името Бегниште. Луѓето и покрај нивното преселување ја пренесувале традицијата и таа опстојува и се негува до ден денес.
- Џоломарите ги црнат лицата и рацете со саѓи, брадите и мустаќите се од волна, качулките односно чулавките се волнени ткаени наметки во темни бои. Околу половината врзуваат широки кожени ремени со 10-15 клопотарци. Во групата има две невести, облечени од глава до петици во бело. Тие се симбол на новата, млада и плодна година. Во групата има и баба, облечена во црно, со црн превез врз лицето, симбол на годината што се испраќа. Во групата учествуваат само мажи, соопшти тој.
Додаде дека целта на маскирањето на џоломарите е да изгледаат пострашни и да бидат позвучни, со верување дека на тој начин ќе се истераат злите духови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот