Џенифер Лопез објави секси фотографија на Инстаграм
Четириест и петгодишната латино дива Џенифер Лопез повторно е на „пазарот“, откако минатото лето ја прекина долгогодишната врска со танчерот Каспер Смарт.
Но, раскинувањето очигледно не влијаело на славната актерка и пејачка, која на Инсрагран објави секси фотографија, каква подолго време не сме видела од неа.
- Во ред, добра ноќ, напиша Џеј Ло под фотографијата.
Убавата латино дама уште еднаш во прв план ги стави нејзините „облини“ како сака да му покажа 29-годишниот Каспер што загубил.
Тој, пак, во исто време, на Инстаграм објави фотографии од нивните три кучиња, давајќи до знаење дека „го добил старателство“ над нив.
Иако зад себе има успешна кариера и две деца, Џенифер никако да најде среќа во љубовта. Таа има три неуспешни бракови, неуспешна веридба со Бен Афлек, но и голем број љубовни врски и авантури, како тие со раперот Диди и последната со Каспер.
Џенифер сега во целост е посветена на децата и работата, па така моментно го снима новото продолжение на серијата „Shades of Blue“.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип