-->
-->
Џенифер избегна трагедија на меден месец
-->
Во текот на летото се венчаа во тајност, а сега Џастин откри некои детали од медениот месец кој не поминал според планот.
Имено, познатата брачна двојка Џенифер Анистон и Џастин Терокс на еден егзотичен остров сакаа да нуркаат и тоа со боци со кислород.
– Се беше идилично. Гледав шарени риби и корали, а потоа забележав црвено светло на боца со кислород, тогаш ме обзема паника, призна 44 -годишниот Џастин.
Како што објави „ЕОнлајн“, при последното нуркање работите дополнително се комплицирале.
– На пријателот кој беше со нас му ја покажав мојата боца, а тој го имаше оној поглед: „ОК, нема да се извлечеш“, ги откри Џастин неговите стравувања под водата.
За среќа, тогаш дошол инструкторот по нуркање кој му дал респиратор за итни случаи со цел да дише без проблеми под површината на водата.
– Медениот месец можеше да се претвори во ноќен кошмар. За среќа, се помина добро. И научив да нуркам, изјави Терокс, кој денес на целата ситуација може да се насмее, но не му било сеедно, како ни на неговата позната сопруга.
Брачната двојка според странските медиуми би требало да посвојат дете, за да се посветат на поубавата страна во животот и проширување на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка