„Џенерал моторс“ повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите
„Џенерал моторс“ викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку инциденти на пожар на батериите.
Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД.
Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90 проценти
„Џенерал моторс“ соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината на пожарот во батериите.
-Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да започнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом, се вели во соопштението на НХТСА.
Со оглед на ова, регулаторот препорачува соптвениците на „Chevrolet Bolt “ да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план