Џемс Бонд е осамен, тажен сексист
Пред премиерата на „Spectre“, 24.филм за агентот 007, Даниел Крејг неговиот лик го окарактеризира како личност со која не би сакал да се дружи.
Улогата на Џејмс Бонд, актерот Даниел Крејг го направи богат. Но и покрај тоа, Крејг за најпознатиот таен агент во светот рече дека е сексист, полн со предрасуди, осамен и тажен човек. Имено, точно така во интервју за магазинот Esquire го окарактеризира ликот кој го глуми од 2005 година, а непосредно пред 24.филм од франшизата „Spectra“ чија премиера e во ноември.
- Во овој филм мојот Џејмс Бонд нема да биде сексист како што до сега сме го гледале. Лично, Бон е толку многу осамен што станува тажен. Околу него се преубави жени кои само поминуваат низ неговиот живот, со ниедна не остварува смислена врска и на крајот секогаш останува целосно сам. Не ме фасцинира 007 и воопшто не е личност со која би сакал да се дружам. Мислам дека би ни било доволно едновечерно запознавање и ништо повеќе од тоа, рече 47 годишниот Крејг. Кога зборува за револуциониерните карактерни промени на Бонд во новото продолжение, Крејг најнапред мисли на тоа дека во ова продолжение првпат по 1962 година и почетокот на франшизата ќе се вљуби во зрела жена, гангстерска сопруга која ја игра 51-годишната Моника Белучи. Даниел во интервјуто рече дека ова е последен пат што се појавува во улогата на Бонд.
- Ако во овој момент ме прашате дали повторно ќе играм 007, одговорот е не. Морам да се посветам на приватниот живот. Но никогаш не вели никогаш, рече Крејг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024