Џејмс Матис и Џон Кели се новите министри на САД за одбрана и за внатрешна безбедност
Пензионираните генерали Џејмс Матис и Џон Кели положија заклетва пред новиот потпретседател на САД, Мајк Пенс како идни министри за одбрана, односно за внатрешна безбедност.
Претходно американскиот Сенат со мнозинство гласови ја одобри нивната кандидатура и тие станаа првите официјално именувани членови на Владата на претседателот Доналд Трамп.
Шеесет и шест годишниот Матис, кој е поранешен генерал на морнарицата, е еден од наједногласно одобруваните личности во администрацијата на новиот шеф на државата. Тој учествувал во операцијата „Пустинска бура“ во Персискиот залив и во операции во Авганистан и Ирак. Од 2010 година па се до неговото пензионирање во 2013 година тој ја предводел Централната команда на вооружените сили на САД.
Кели, исто така, е 66-годишен генерал на морнарицата. Негова последна функција во 45-годишната воена кариера била командант на Јужната команда, во чија зона на одговорност се вбројува и затворот Гвантанамо, за чие затворање тој бил против.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција