Џамбаски: Петков е подготвен да се повлече од бугарскиот национален интерес
Бугарскиот европратеник и еден од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков се повлекува од бугарските национални интереси во спорот со Македонија. Европратеникот, денешното интервју на Петков за бугарски медиум го нарече „срамно“.
-Кирил Петков отворено ја кажа својата подготвеност да се повлече од бугарскиот национален интерес. Мора да си многу „различен“ за да веруваш дека некој друг ќе ги брани правата на Бугарите во Македонија. Овој човек уште еднаш покажа дека нема поим што е национален интерес. Се надевам на сите им стана јасно дека е марионета, спуштена да извршува одредени задачи. Една од нив е да се изврши национално предавство и да се попушти пред македонската антибугарска политика. Не знам дали е свесен премиерот, но неодамнешните изјави и постапки на властите во Скопје не се разликуваат од можните постапки на таканаречените националисти, објави Џамбаски.
-И Кирил Петков ќе биде тргнат од функцијата, засекогаш!, смета Џамбаски.
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени