Македонија
11. November 2021 - 11:21

Џафери: Се надевам дека нема да добиеме кривична за биолошки тероризам

При утврдување на бројот на пратеници на почетокот на денешната собраниска седница за гласање доверба на владата се виде дека дел од пратениците од актуелното владејачко мнозинство не се влезени во салата.

Спикерот Џафери ги повика двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се позитивни на коронавирусот да ги заземат своите „изолациски“ места.

„Се надевам дека нема да добиеме кривична пријава за биолошки тероризам“, рече Џафери.