Македонија
13. February 2018 - 9:46

Џафери, пратеници и претставници на собраниските служби на Конференција во Вилтон парк

Претседателот на Собранието Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, парламентарните служби, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од утре до 16-ти февруари, ќе учествуваат на Конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.

Конференцијата е на тема „Градење на ефикасен и независен Парламент на Република Македонија“, во организација на Британската Амбасада и Вестминстер фондацијата за демократија, соопшти Собранието на Република Македонија.