Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба, рамка за решение
- Врз основа на сложено ерга омнес име, може да се најде достоинствено, заемно прифатливо и одржливо решение на прашањето за името, а потребна е волја и од двете страни, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописникот на МИА од Атина, Ѕанакопулос уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите за името.
- Од своја страна, грчката влада има изјавено кои се преговарачките позиции со кои настапува во конкретните разговори. Потребно ни е едно сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Мислам дека врз основа на оваа рамка, може да се најде достоинствено, одржливо и заемно прифатливо решение за кое сите работиме, рече Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени