Ѕанакопулос: Очекуваме напредок во преговорите
Ги очекуваме коментарите и забелешките на другата страна по испратената нацрт спогодба и очекуваме да се направат чекори кон напредок, рече портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина, во однос на очекувањата на Грција во пресрет на посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје.
- Очекуваме да се направат чекори на напредок. Ги очекуваме коментарите и забелешките на Владата на поранешната југословенска Република Македонија и се надеваме дека ќе успееме да најдеме заеднички терен на следните средби. Сепак, ова во голема мера зависи и од другата страна, рече Ѕанакопулос.
Со оглед на тоа дека во изминатиот период, во Атина сѐ почесто се споменува ревизија на македонскиот Устав, меѓутоа без да постои појаснување што точно значи тоа, дописникот на МИА од Атина, побара одговор од портпаролот на грчката Влада, дали грчкото барање за уставни промени се однесува само на името или и на некои членови од македонскиот Устав.
Ѕанакопулос објасни дека нацрт договорот ги содржи основните позиции на грчката страна во преговорите, односно „потребата да се најде заемно прифатлив договор со сложено име што ќе важи ерга омнес, односно за севкупна употреба, нешто за што предуслов е и соодветна уставна промена“.
- Постои и разговор што се однесува на прашањата за иредентизмот и за тоа дали и колку би можеле соодветните одредби од Уставот на поранешната југословенска Република Македонија да се смета дека содржат токму таков вид на иредентистички визии. Но, ова е нешто што е тема на разговор и ги очекуваме и политичките ставови, но и правните ставови на нашите соседи за конкретното прашање, но ви велам дека тоа е дел од техничките преговори што се водат, одговори Ѕанакопулос на прашањето на МИА.
Во однос на изјавата на лидерот на партијата Река по средбата со Ципрас, минатата седмица, дека грчката Влада има намера по Велигден да ги донесе предлозите во парламентот, Ѕанакопулос рече дека нема да ги коментира прашањата што се однесуваат на преговори кои се во тек.
На новинарско прашање дали коалициониот партнер на СИРИЗА, Панос Каменос е запознаен со содржината на нацрт спогодбата и дали има некои забелешки, портпаролот на грчката Влада, објасни дека лидерот на Независни Грци е известен за текот на преговорите и „ја има изразено неговата политичка позиција што е позната“.
- Но, би препорачал да почекаме да стигнеме до конечниот договор за да ги слушнеме ставовите на сите политички сили, додаде Ѕанакопулос.
Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите ги соопшти и термините за посетата на министерот за надворешни работи на Грција на Скопје, како и за средбата во Виена со посредникот на ОН Метју Нимиц. Соопштенијата за средбите истовремено беа објавени и од македонското и од грчкото МНР.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО