-->
-->
Двегодишно дете тешко повредено во сообраќајка кај Лозово
-->

Вчера околу 12,30 часот на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес-Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц.(72) од Скопје управувајќи патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистерски ознаки излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило дете сопатник на возраст од две години кој по укажаната лекарска помош во КЦ-Штип е префрлен во УЦ-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд