Две жени се затруле од плин, транспортирани на скопските клиники
Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза" во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.
- Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар ,,Мајка Тереза" во Скопје информираат од штипската болница.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците