-->
-->
Две сообраќајки кај Желино, еден загинат, шестмина повредени
-->
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вечерва околу 20:15 часот се случила после наплатната рампа Желино на автопатот Тетово – Скопје.
Според информациите, возач управувајќи со својата „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот и починал на лице место.
Денеска на пладне на истиот автопат, но во обратна насока исто така се случи сообраќајна несреќа во која потешко се повредени шест лица.
Имено, автомобил со неготински регистарски таблички излетал од патот, а го управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани.
Во возилото во кое се превезувале шестмина патници имало и две деца.
Петмина од нив по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, биле префрлени на скопските клиники.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД