Две службенички ја оштетиле охридската болница за над три милиони денари
СВР – Охрид поднел кривични пријави против две лица поради сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, кои со своите нелегални активности материјално ја оштетиле ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид.
Според полицијата, станува збор за 49-годишна стружанка, шеф на Отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид како и 59-годишна охриѓанка, помошник директор за економски работи во истата здравствена установа.
Пријавените во периодот од 2013 до 2016 година додека биле на раководни места договарале јавни набавки на услуги за сервисирање и одржување на медицинска опрема само со една фирма од Скопје, при што го надминале предвидениот лимит од милион денари за дополнителни 1.262.342 денари. Првопријавената и покрај тоа што ставката на проценетата вредност на јавна набавка била од 13 милиони денари, за која била донесена и одлука, изготвила Одлука со невистинити податоци на износ од 16 милиони со што го надминала предвидениот лимит за 2.202.136 денари.
Со наведените дејствија двете пријавени на предизвикале вкупна материјална штета од 3.464.478 денари.
Ново на Сител
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување