Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
Две лица се тешко повредени, а уште четири се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Зофинген, на околу 50 километри јужно од Базел и германската граница, соопшти локалната полиција.
Нападот се случил вчера околу 17 часот.
-Имаме неколку повредени лица, изјави портпаролот на полицијата за ДПА, додавајќи дека тие се пренесени во болница.
Полицијата соопшти дека добила повици дека маж нападнал луѓе со нож на локална железничка станица. Напаѓачот потоа избегал во блиската зграда, повредувајќи ги и лицата што ги сретнувал по патот.
Полицијата на социјалните мрежи потврди дека насилникот бил уапсен од специјалци откако два часа се криел во зградата. Според локалната полиција, сторителот, за кој се претпоставува дека дејствувал сам, е идентификуван како странец на околу 40 години.
Мотивот за нападот се уште е нејасен.
Сите шест жртви се во болница со убодни рани. Меѓу повредените има и две учителки од кантоналното училиште во Зофинген и една бремена жена, која се здобила со расекотини на лицето, но нејзиниот живот повеќе не е во животна опасност.
Насилникот добил и лекарска помош бидејќи се повредил со нож.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта