Две лица приведени за обидот за киднапирање на ќерката на пратеникот на СДСМ
Двајца приведени по пријавата за обид за киднапирање на 7-годишната ќерка на пратеник од СДСМ.
Од МВР информираат дека по пријавата, полицијата веднаш излегла на терен при што се приведени две лица на возраст од 18 години.
„Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.”, информираат од МВР.
Сител утрово објави дека настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.
За случајот реагираше и пратеникот на СДСМ Сашко Костов, кој потврди дека се случил ваков настан но како што рече, не така како што го опишуваат медиумите. Првично најави и прес-конференција но подоцна, рече дека ќе остави институциите да си ја завршат работата.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи