Свет
2. February 2020 - 19:09

Две лица повредени во нападот во Лондон, не се знае нивната состојба

Две лица се повредени во терористички напад во јужниот дел на Лондон, но засега не е позната нивната здравствена состојба, соопшти локалната полиција.

– Засега има информација за двајца повредени. Очекуваме повеќе детали за нивната состојба, се наведува во полициското соопштение.

Попладнево околу 14 часот непознат маж избодел неколку менувачи во областа Стритхем, а веднаш потоа бил убиен од страна на полицијата. Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа, која ја надлетуваат хеликоптери.

Полицијата смета дека „инцидентот е поврзан со тероризам“.

– Се испитуваат околностите, инцидентот се третира како терористички напад, соопшти полицијата на Твитер.

Би Би Си објави дека очевидци споделиле на социјалните мрежи оти слушнале три истрели. Некои тврдат дека напаѓачот носел нож и некаков уред прикачен за облеката.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан во врска со денешниот извршен напад во британскиот главен град, изјави дека „нема да им се дозволи на терористите да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот“, додавајќи дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт. Тој изрази благодарност до полицијата за брзата реакција