Македонија
27. April 2019 - 14:25

Две лица измамиле четворица тетовци за скоро 1 милион денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (30) од Косово и С.С. (23) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „измама’’.
 
Во мај 2017 година пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила.
 
Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000 денари.