Свет
16. September 2017 - 12:32

Две двојчиња загинаа во пожар во детски камп во Украина

Две девојчиња загинаа, две други се повредени, а уште едно се води како исчезнато, при пожар што избувна рано изутринава во детски камп во украинскиот црноморски град Одеса.

Како што соопшти локалната полиција, пожарот избувнал во една од двокатните дрвени куќи во кои се сместени децата во кампот, додека девојчињата спиеле. 

Во тек е акција за потрага по исчезнатото девојче.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати, а полицијата започна истрага за целиот случај.