Дванаесетта пол – позиција сезонава за Верстапен
Светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен, ќе стартува од пол – позицијата на трката со која утре во Абу Даби ќе биде означен крај на сезоната во Формула 1.
Холандскиот возач во болидот на Ред Бул уште еднаш доминираше во квалификациите и дојде до својата 12 пол – позиција оваа сезона, а вкупно 32 во кариерата. Со тоа Верстапен се израмни со легендрниот Најџел Менсел на седмото место во оваа статистичка категорија.
Второ најбрзо време на денешните квалификации имаше Шарл Леклер (Ферари), а од третата позиција ќе стартува Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен). Вториот ред ќе го комплетира возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Утрешната трка за Големата награда на Абу Даби стартува во 14 часот по средноевропско време, а во генералниот пласман со 549 бодови води Верстапен, кој одамна ја обезбеди титулата светски првак.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање